And as you see and as you see with a little help I managed to do an interview from my idol!
I hope you like it! :] ♥


Верувате ли во бајките? Сеедно каков е одговорот - животната приказна на Марко Маринковиќ, многу попознат како Слаткаристика, ни оддалеку не е тоа. Единствено што по многу години поминати во длабок андерграунд, денес таа има среќен епилог. Со други зборови, фузијата меѓу талентот на Марко Маринковиќ и продуцентската глазура на Јован Јованов го катапултираше Слаткаристика во самиот фокус на главните случувања на домашната музичка сцена. А тој, каков што е, воопшто не е сменет заради успехот, иако веќе сега сите го познаваат на улица, а песните од деби-албумот Слаткаристика будало сигурно владеат на ФМ-скалата. Големиот бум треба да се случи на 13 февруари, кога Слаткаристика ќе настапи пред скопската публика, на голем концерт во Метрополис арена...Ако го забележавте на ТВ последниот спот на Слаткаристика, за неговата животна тема Да полетам, верувајте дека главниот актер воопшто не се разликува во приватниот живот од она што го гледаме на екранот. Уште на стартот се забележува дека Марко е обично момче од соседството, кое воодушевува со својата скромност, едноставност и искреност. Во животот одлично знае што сака, а уште повеќе што не сака. Иако, за разлика од порано кога беше декинтиран, сега џебовите не се празни, тој не одава впечаток дека е фасциниран од гламурот и лажниот сјај кој со себе го носи естрадната сцена. Пуританците можат да забележат дека неговиот вокабулар е претерано дрзок за медиумите, но, дефинитивно, Марко знае каде и што зборува. Со нескриени страсти, како што раскажува за својот успех, зборува и за успехот на младите хипхопери, кои се дел од групацијата Токсикологија, на која и самиот и припаѓа, напоменувајќи дека е само еден меѓу еднаквите.
Прв голем концерт пред скопската публика
Ова не ми е ниту прв, ниту голем концерт, но дефинитивно е и прв и голем пред скопската публика. Изминатава година имав успешни настапи во Охрид, Штип и Струмица, па ова му доаѓа како продолжување на континуитетот... - вели Марко, а на забелешката дека концертот во амфитеатарот во Охрид го следеа коментари слични на оние за контроверзниот Мерлин Менсон во пулскатаАрена, бидејќи ѕверот не е за таков простор, смета дека ништо лошо не му направил на театарот...
Амфитеатарот остана недопрен и чист, јас не го извалкав. Порано знаеја да ме извадат од такт таквите коментари, знаев бурно да реагирам, бидејќи сум дете растено на минус 20, а не некој пејач што отпеал две-три песни, кои му ги платил татко му, па ништо не го засега. Денес како да огуглав на сето тоа со помош на Јован Јованов, кој постојано ми зборуваше дека таквите коментари не треба да ме допираат. Јован е постар од мене, поискусен, и добро знае како одат работите. Затоа, престанав да читам што за мене се зборува во јавноста...

Иако на музичката сцена е повеќе од една деценија, како дел од некои хипхоп-групации, пошироката јавност слушна за Слаткаристика лани, откако ја започна соработката со Јован Јованов, на својот деби-албумСлаткаристика будало. Неговата решеност да соработува со еден од најпознатите домашни продуценти од помладата генерација, на стартот предизвика револт кај неговите хипхоп-фанови и колеги...
Сите се прашуваа што барам јас со Јован. Ми велеа: тој е таков, ваков, онаков... А јас верував, дека штом е таков, ваков и онаков, веројатно е најјак од сите. Заради успехот, тој им е трн во око на 80 проценти од нашиве колеги... Всушност, нивни колеги, мои не се, бидејќи уште на старт се дистанцирав од естрадната сцена.
Неодамна гледав едно ТВ-интервју на Влатко Стефановски, кого многу го почитувам како име и како гитарист, иако сметам дека не знае да пее. Тој убаво си кажа: Луѓето кои не се задоволни со својот успех, се преокупирани со работата на другите. Јас ако сум задоволен од мојата работа, ќе бидам насмеан од девет до девет, и сe ќе ми биде рамно...
Неодамна гледав едно ТВ-интервју на Влатко Стефановски, кого многу го почитувам како име и како гитарист, иако сметам дека не знае да пее. Тој убаво си кажа: Луѓето кои не се задоволни со својот успех, се преокупирани со работата на другите. Јас ако сум задоволен од мојата работа, ќе бидам насмеан од девет до девет, и сe ќе ми биде рамно...
Не сакам шаблони!

Во својата работа Слаткаристика е крајно самокритичен, мери, премерува, пишува, кине, повторно и се враќа на тетратката... Ама ако нешто од сработеното му се допадне, веднаш го дава на увид на најблиските, да го слушне и нивното мислење. Многу знам да си се восхитувам на своето дело, ако евентуално ми се допадне песната. Тоа можеби не го полни егото, ама го полни срцето. Тоа ме тера да си повторувам: Ајде, имаш, можеш, јак си... Сум зезнал!. Еве, неодамна се вратив од Швајцарија, бидејќи имав настап во Берн. Таму настапував пред 20 души! А пред 20 души не сум настапувал уште од 2001-ва, кога настапував воКопакабана. Не сакам да ги наведувам причините зошто имаше само 20 души во публика, ама си врзав во крпче дека имав неуспешен настап. Луѓето од таму, промоторите, беа кул и многу профи, а и публиката беше сосема океј. Ветив дека ќе се вратам пак кога уште малку ќе поработам на себе. Тоа се тешки работи, кога човекот треба самиот да се сознае, но ако си искрен, биди искрен до крај.
Иако за неговата работа последниве години се грижи продуцентската куќа Јованов рекордс, Марко гордо истакнува дека е дел од групацијатаТоксикологија, каде иако е еден од основоположниците, потенцира дека е само еден меѓу еднаквите.Нема многу пари од Токсикологија, но таму има многу љубов. Екипата работи во студио од 300 квадрати, кое е наше. Со нас се и тројца млади артисти, кои ќе утепаат на таа хипхоп-сцена.
Слаткар сум од четири години!
Марко Маринковиќ, попознат како Слаткаристика, вели дека цел живот го носи прекарот Слаткар...Слаткар сум од своите четири години. Нормално, прекарот е бидејќи јадев многу благо. Знаев во еден локален минимаркет, каде семејно фамилија Маринковиќ беше на рецка, да земам кило колачи, и со украдени 20-30 денари од дома, да отидам на флипери. Јади колачи и пукај. И, момчето од таа флиперница ме нарече Слаткар. Од Слаткар, некаде кога имав 20-21 година станав Слаткаристика, а тоа ми го закачи Деко од Клан Исток, кој го сметам за таткото на рапот. И мене и Скит, тој од деца не исчувал и ни ги открил сите тајни на оваа професија, поради што сме му многу благодарни.Зборувајќи за своето детство, Марко, кој е роден на 15 август 1986 година, истакнува дека годините што изминале биле навистина бурни...
Моите беа строги, но, иако никогаш немав пари, имав многу љубов, а тие секогаш беа тука за сe што треба. Кога имав 14-15 години, како и секој тинејџер, малку откачив, па на моите им беше тешко со мене сe до 20-тата, 22-рата година. Но, после тоа ми дојде паметот. Сега моите ми се качуваат на глава од други причини. Ми велат: Те гледавме ваму, таму, на таа телевизија ти одеше спотот... Но, тоа не ми пречи премногу. На моите им годи мојата популарност, а освен тоа, и финансиски сме постабилни од порано. Секако, и од моја страна има повеќе разбирање за нив, а и повеќе внимание. Сепак, тие ми го покажале вистинскиот пат кој оди напред!
Патот напред за првата дестинација ја има Метрополис арена во Скопје, каде Слаткаристика ќе има голем концерт на 13 февруари.Продукциски и визуелно, концертот му е целосно доверен на Јован Јованов и неговиот тим, бидејќи бескрајно им верувам. Од оној музички аспект, како гости ги најавувам комплетната Токсикологија, сосе Сиги, кој има нов албум, но и Џака Накот, Скит Скитара, Кацар, Аце НЛ, Пука козметика, диџеј Чваре, и секако, еден од моите најдобри пријатели Тони Зен.
Запрашан за плановите во 2010 година, Слаткаристика вели дека и тоа како размислува за новата музика, без оглед што актуелниот албумСлаткаристика будало со 17 песни, сe уште има синглови кои ќе го потхрануваат етерот.
Би се чувствувал многу некреативно ако во 2010 година немам ново издание. Размислувајќи за вториот албум, би сакал тој да биде мјузикл, со многу случувања и интересни приказни на кои веќе работам. Секако, ќе продолжи мојата сесрдна помош за сите млади музичари кои имаат што да и дадат на публиката.
Сa уште млад за да омекнe

Зборувајќи за високото образование, Марко истакнува дека освен музиката, единствено нешто што искрено го сакаше во животот е историја на уметност и археологија. За жал, беше одбиен при апликација на своите посакувани високообразовни установи, но се запиша на етнологија и антропологија... Јас сум нереализиран етнолог и антрополог. Одамна не сум бил на факултетот, и којзнае што ќе биде понатаму. Сега размислувам да се запишам на маркетинг и менаџмент...
Сепак, музиката и понатаму останува главната преокупација на Слаткар. Вели дека постојано создава, во зависност од инспирацијата, која ја наоѓа во сe и сешто. Себеси се смета за поет, и жал му е што новинарите постојано го канат на интервју затоа што тој е позната фаца, а не затоа што се запознаени со неговото дело. Тоа го фрустрира, и често знае да одбие гостување во емисија...
Луѓето од медиумите ги дели на мангупи и на тие за еднократна употреба. И повеќе ги почитува мангупите, бидејќи во споредба со овие другите, тие се упатени во она што го работат. А само упатеноста и посветеноста се добра база за нечиј евентуален успех.
Десетте андерграунд години на Марко Маринковиќ, денес многу попознат како Слаткаристика, се најдобар доказ дека само со упорноста и искреноста може да се стигне до ѕвездите.
Ова не е бајка. Ова е само приказна за еден млад човек кој поминувајќи низ бројни искушенија, ги добил заслужените пет минути. И, само тој, преку своето дело, решава за тоа дали ќе загосподари со времето, или ќе согори во зенитот на својата популарност...
Мини Интервју со Слаткар ♥
извадок од списание:
Слаткар
Со своите песни го опишувам мојот живот и сето она што го гледам околу себе, и тоа без цензура.Мислам дека секој артист, секој изведувач си има свој стил, свое однесување, но и начин кој го претставува својот бунт со кој сака да открие дека околу нас не е се така розово.Преку своите текстови порачувам дека не се сите насмеани , фини и културни! поздрав најдобри соработници Тони Зен, како и Скеет Скеетара, Jovan's Records итн..
позз до сите!
4ekerauck!♥
http://www.youtube.com/watch?v=qkjrPhAlqTU
Слаткаристика-Да полетам
Горд сум на успехот,Чале ми е домец
Немам ни мајка ни татко за плачење совет.
Поштен ко пошта, така не се станува човек,
Ми овозможи мастило Бог, дарба да бидам поет.
Сине, не се нервирај,ќе биде подобро,
Го прашувам кога,ќути не го знае одговорот.
Понекогаш сум среќен за мојот топол дом,
Со Че го имаме она што никогаш го немал он.
Веќе година дена, фурам иста патика,
Дупка на ѓонот..пропушта вода..станува навика..
Некад се дешава дома нема ни за храна,
четири хиени ржат, сама жена плаче мама.
Мамо немој да плачеш ме кршат твојте солзи,
штетам за марските рози, викаш
немој не се троши!
Боли тоа што веќе во никој немам доверба,
Едино бегство ми е рифот, и креативно да полетам:
реф:
Имам сила после се, пак да продолжам,
има храброст во мене, да не запирам,
имам сила покрај се, пак да победам,
има крила високо да полетам..да полетам..
Не сум компленскат,треба ли да поновам?!
сама ме комплексира животната понуда за конобар.
Стојам во колона на таленти, едини таленат,
меѓу ограничени коњи слободно летам ко пегас.
Имам лепеза на генијални идеи кои полека гаснат...
Ми ги згасна власта, и бирото на простата маса.
Чале вика не си ти ко мене нема да се заебеш..
ја не направиф ќеш . .направиф дете на 22!
Ја пробувам да го стоплам животот студен,
ко дете десет кеца, а сега сум примерен студент.
Љубовта е болест никад нема да се заљубам,
но види ме тонам а бев капетанот на палуба.
Принуден сум да бидам нестабилен,
ко копиле се дерам по дома
-за кој кур сте ме направиле?!,
-Кога краделе сите,што не си крадел пиздо!?
добивам шамар од поштена рука на комунизмот (извини) ,
реф:
Имам сила после се, пак да продолжам,
има храброст во мене, да не запирам,
имам сила покрај се, пак да победам,
има крила високо да полетам..да полетам.. x4
http://www.youtube.com/watch?v=A7-ReOhNivM
Слаткар-Остај ме да пишувам
Blogot e TOP! mozhe da stavite nekoj sliki od slatkar?
ReplyDeletebtw pozz do sopstvenichkata i ochekuvame neshto novo! kiss43 ♥
да да ќе ставам слики :)! позз и до тебе! :* ♥
ReplyDeleteHey! Stranava e super! mozhat li da se postavuvaat videa? Bi bilo ubavo prekrasnite pesni na slatkar da ja krasat stranava! pozz :* <3
ReplyDeleteнезнам дали можам да клам видеа :\
ReplyDeleteсепак ке има нешто ново :D
позз ♥
Blogot e super pozz do sopstvenickata! <3 :*
ReplyDeletetnxx ♥♥♥ :*
ReplyDeleteза жал неможам да клавам видеа :(!
ReplyDeleteама сепак ќе има интересни работи за слаткар!... извадоци од списанија..слики итн.. ♥ позз :*
omgg.. TOP . :D ♥
ReplyDeleteza videa probajte da go kopirate linkot i stavete go kade shto se pishuva tekstot mozhi ke uspee ;) (A)
pozi44 - annee <3
можи така и јас се сетиф на тоо .. :)
ReplyDeleteама да не биди малце глупо го напишаф и текстот од песната.. :)
позз ♥♥♥
можии текстот од песната остај ме да пишувам :$ :) немора скроз како песна само текстот ми е битен :D мн убав блогг.. позз <3 :*
ReplyDeleteOfcc :) ♥♥
ReplyDeleteАААААААа falaa najmnoguuu (A)
ReplyDeleteaa THE BESTT!! :) <3<3<3<3<3<3 ;]
yoyo najakoo ;)
ReplyDeleteehh od koa baraf wikipedija za marko ~~
xDD
stranava e top kissi4 pozii4 <3
made by : anne xP
NAJAKAA EE!! :D
ReplyDeletekis433 :* ♥
waa shubaa :D
ReplyDeletesvaka chastt ;):$ ♥